Facebook

/
НАСТАНИ
Летна Завршна Забава со Настапи на Сонриса
Sonrisa Летна Завршна Забава · Inside Bar, Скопје

Летна завршна забава со настапи на сите групи на Sonrisa, во Inside Bar, Скопје, 28.06.2022.
🥰 Оваа учебна година беше многу посебна за нашиот Танцов Фитнес Клуб затоа што конечно се вративме со повеќето курсеви од пред пандемијата. Се проширивме со нови сали, воведовме многу нови дисциплини, имаме многу нови инструктори, започнавме повеќе групи со деца, организиравме повеќе различни активности и дружби, почнавме повторно со латино забави и многу повеќе! 🎉 Затоа ова лето едвај чекаме да ја прославиме нашата Летна Завршна Забава со настапи! Нашите бројни членови се спремни да го покажат своето знаење со многу точки! Ќе видите најразлични Салса, Бачата, Руеда де Казино, Reggaeton, Zumba, Балет (деца), Модерен Танц (деца), и други од сите наши групи.
Медиа од Летна Завршна Забава со Настапи на Сонриса
Гледај на Facebook →(може да е потребна пријава или апликација)
