ТАНЦОТ ЖИВЕЕ И НАДВОР ОД САЛАТА

Фестивали

Организирани Сонриса групи за фестивали и патувања.

ИНФОРМАЦИИ

Откриј ги следните активности и приказните од оние што веќе поминале.

ПОБАРАЈ ИНФОРМАЦИИ →
ШТО ОРГАНИЗИРАМЕ

Hola Ohrid Cuban Dance Festival во Охрид е сопствен фестивал на Sonrisa, во организација на студиото — се одржувал секоја година од 2015 до 2019, кога престанал поради ковид и забраната на јавни настани. На други фестивали и натпревари, во земјава и во странство, Sonrisa оди како учесник: инструктори и танчери настапувале и држеле работилници на Salsa конгреси во Бугарија (National Salsa Congress 2025, 18th Salsa Congress во Боровец 2025), настапувале на Dance Off натпреварот во Скопје (1-во место 2018), и патувале како група на фестивалите Cubanero (Нови Сад) и Agua (Солун).

Кога Sonrisa патува на овие настани, никој не се снаоѓа сам. Основачот однапред бара сместување и по потреба резервира за целата група; за превозот, организира автомобили и распоред на седишта според желбите и можностите на секого, преку кратко прашалниче однапред.

ЗА КОГОТанчери кои сакаат да патуваат и танцуваат надвор од Скопје.
КАКО ОДИИзбираме фестивал, отвораме пријави, координираме патување како група.
ВАЈБАвантура, ново искуство и заеднички спомени што траат подолго од патувањето.

Архива на настани

Се вчитува...

FAQ

Најчести прашања

Може ли да патувам со групата?+

Да, кога има организирана група ќе бидат објавени превозот, сместувањето и роковите.

Мора ли да сум напреден танчер за да одам?+

Не, фестивалите се за танчери на различни нивоа — важно е желбата да се патува и танцува со екипата.